Во подготовка е донесување на Закон за висока раководна служба | Правдико

Правдико

   

Во подготовка е донесување на Закон за висока раководна служба

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во законодавството во Република Северна Македонија не постои јасно разграничување меѓу политичкото и професионалното ниво, односно не е јасно дефиниран и утврден опфатот за висока раководна служба (ВРС). Општите услови за именување и разрешување на лицата сега се регулирани со посебни материјални закони за конкретни области од јавниот сектор.

Овие закони содржат недоволна регулација ( најчесто само одредби за објавување на јавен оглас и општи услови), а не и одредби за критериумите, постапката за селекција и избор на кандидатите за раководни позиции. Евидентно е дека не постојат јасни правила за именување и разрешување на директорите и за секретарите, ниту пак отворен натпревар за најголемиот број на овие позиции со што се нарушува принципот на заслуги.

Основна цел од воспоставување на Висока Раководна Служба (ВРС) е разграничување на политичкото од професионалното ниво, утврдување на линиите на отчетност на високите раководители, што ќе доведе до унапредување на јавните услуги и зајакнување на доброто владеење како иманентен принцип на работење во јавната администрација.

Временската рамка за изготвување на предлог законот: 01.10.2021 – 10.05.2022

Препорачуваме

Партнери на Правдико