Во подготовка е изготување на Предлог Закон за критична инфраструктура | Правдико

Правдико

   

Во подготовка е изготување на Предлог Закон за критична инфраструктура

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерството за одбрана иницира започнување на постапка за изготвување на предлог Закон за критична инфраструктура.

Потребата од нејзино законско уредување се појави со технолошкиот развој, глобалните промени во животната средина во последните неколку години и елементарните катастрофи кои укажаа на потребата за сериозно преиспитување на заштитата на критичната инфраструктура во контекст на опасноста од елементарни непогоди и други видови загрозување типични за современото живеење како што се тероризам, шпионажа и сл. Критичната инфрастурктура е од витално знчаење за фунционирањето на една држава, а доколку дојде до нејзино оштетување, унишутување или загуба доведува до губење на испоракта на услугите кои зависат од нејзино непречено функционирање.

Целта на законот е градење ефективна стратегија на заштита на критичната инфраструктура како врвен национален приоритет. Начелата врз кои се заснова законот во насока на заштита на критичната инфраструктура се комуникација, координација и кооперативност.

Временската рамка за изготвување на предлог законот: 15.12.2022 – 31.03.2023

Препорачуваме

Партнери на Правдико