Во подготовка е изготвување на нов Закон за вршење на сметководствени работи | Правдико

Правдико

   

Во подготовка е изготвување на нов Закон за вршење на сметководствени работи

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Законот за вршење на сметководствени работи е донесен во 2012 година со цел уредување на условите за вршење на сметководствени услуги и формирање на Институт за сметководители и овластени сметководители.

Accounting

Од досегашната примена на Законот се утврди потреба за доуредување на определени прашања поврзани со организацијата на Институтот, континуираното професионално усовршување, контролата на работењето, надзорот над работењето на Институтот, како и за воведување на стручен испит за влез во сметководствената професија. Дополнително, мандатите на органи и комисии на Институтот се истечени или истекуваат, поради што има потреба и од уредување на начинот на избор на новиот состав на органите и комисиите на Институтот.

Доуредување на одредби за начинот на избор, надлежностите, составот, мандатот и престанување на членството во органите и комисиите на Институтот; Воведување на стручен испит за сметководител, односно овластен сметководител; Унапредување на постојниот концепт на континуираното професионално усовршување; Доуредување на одредбите за контролата на работењето; Изборот на органите и конститутивната седница на новиот состав Собранието во рок од шест месеци, по изборот на В.Д. Претседател на Институтот и Времена подготвителна комисија.

Временската рамка за изготвување на предлог законот: 07.04.2021 – 30.04.2021

Препорачуваме

Партнери на Правдико