Правдико

   

Во подготовка е изготвување на нов Законот за парничната постапка

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Потреба од подобрување на законските одредби и доуредување на прашањата кои создаваа проблеми во примената на законот како што се полномошниците на странките, поднесоци (документи/докази кои се наоѓаат кај другата страна или трето лице), рокови и рочишта, поедноставување и забрзување на доставата, тек на постапката, докази и изведување на докази, одредување на вештачење, подготвување на главната расправа заради ефикасна главна расправа, зголемување на прагот за ревизијата како вонреден правен лек во услови на разработени основи каде ревизија е секогаш можна, поефикасна постапка кај споровите од мала вредност, вградување на заштитата на колективните права и интереси, како и усогласување со други поврзани закони.

Со донесувањето на предложениот закон се очекува да се надминат констатираните слабости и да се подобрат законските одредби во насока на нивна поголема применливост, со што ќе се создаде функционална, успешена и ефикасна парнична постапка во Република Северна Македонија, а со тоа воспоставување стабилен граѓанско-правен систем преку пополнување на постоечките правни празнини и негово усогласување со европските стандарди и современите општествени текови.

Временската рамка за изготвување на предлог законот: 21.09.2020 – 31.10.2020

Партнери на Правдико