Правдико

   

Во подготовка е нов Закон за инспекциски надзор

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Целта на Законот за инспекциски надзор е регулација на елементите на инспекцискиот надзор; дефинирање на статусот и прецизирање на улогата и надлежностите на Инспекцискиот совет; јасно утврдување на правата и обврските на субјектите на надзор; намалување на рестриктивноста и репресивноста како и на обврските на инспекциските служби кон Инспекцискиот совет; комплементарно регулирање на статусните прашања за инспекторите, поедноставување на постапката за лиценцирање на инспектор; воведување на нов концепт на инспекциски надзор преку планирање врз основа на процена на ризик; олеснувањето и поголема правна сигурност за субјектите на надзор (пред се од приватниот сектор) со воведување на унифицирани правила за надзор и задолжителност на листи за проверка при редовниот надзор и на крајот, надминување на неконзистентноста,слабостите и пропустите во текстот на актуелниот закон.

Целта на Предлог Законот за инспекциски надзор е надминување на неконзистентноста и слабостите на актуелниот Закон за инспекциски надзор од 2010 година и воведување на нов концепт на инспекциски надзор преку планирање врз основа на процена на ризик, олеснување и поголема правна сигурност за субјектите на надзор (пред се од приватниот сектор) со воведување на унифицирани правила и задолжителност на листи за проверка при редовниот инспекциски надзор.

Партнери на Правдико