Во подготовка е нов Закон за нус-производи од животинско потекло | Правдико

Правдико

   

Во подготовка е нов Закон за нус-производи од животинско потекло

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Потребата од донесување на нов Закон за нус-производи од животинско потекло произлегува од потребата за усогласеноста на националното законодавство со законодавството на Европската унија.

Со овој предлог закон се уредува соодветно транспонирање на Регулативата (ЕЗ) Бр. 1069/2009 на Европскиот Парламент и Советот од 21 октомври 2009 година за утврдување на здравствени правила за нус – производи од животинско потекло и производите добиени од нив кои не се наменети за исхрана на луѓето и за укинување на Регулативата (ЕЗ) бр. 1774/2002 (регулатива за нус – производи од животинско потекло) и ќе даде основа за транспонирање на Регулативата (ЕУ) Бр. 142 / 2011 на Комисијата од 25 февруари 2011 година за спроведување на Регулативата (ЕЗ) Бр. 1069/2009 на Европскиот Парламент и на Советот за утврдување на здравствените правила во однос на нус – производи од животинско потекло и добиените производи од нив кои не се наменети за исхрана на луѓето и за спроведување на Директива 97/78/ЕЗ на Советот.

Предлог Законот за нус – производи од животинско потекло има за цел да обезбеди високо ниво на заштита на јавното здравје и здравјето на животните, а посебно заштитата на безбедноста на ланецот на исхрана и ланецот на храна за животните, преку утврдување на начинот на собирањето, транспортот, отстранувањето, постапката, преработката, обработката, претварањето, складирањето, ставањето во промет, дистрибуцијата, употребата и нештетното отстранување на нус – производите од животинско потекло и производите добиени од нив.

Препорачуваме

Партнери на Правдико