Во подготовка е нов Закон за пробација | Правдико

Правдико

   

Во подготовка е нов Закон за пробација

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

moorad3_0Системот на извршување на алтернативните мерки, како што е поставен со Кривичниот законик од 2004 година и со Законот за извршување на санкциите од 2006 година е многу комплициран односно во извршувањето на мерките се инволвирани повеќе органи, со многу сложена процедура на извршувањето на санкциите и мерките, поради што не ги даде посакуваните резултати и неопходно се јави потребата да се донесе Закон за пробација кој понатаму меѓудругото ќе го уреди извршувањето на алтернативни мерки.

Како дел од реформата на казнено-правниот систем на Република Македонија е предвидена и реформа на системот за извршување на санкциите со воспоставување на пробациска служба во државата, со што ќе се овозможи практична имплементација на алтернативните начини на казнување на сторителите на кривични дела на слобода (во заедницата). Со Предлог законот за пробација ќе се даде основа за создавање на служба за пробација која што со сторителите на кривични дела ќе постапува на еден структуриран начин во сите фази на кривично правната постапка.

Партнери на Правдико