Во подготовка е нов Закон за ревизија | Правдико

Правдико

   

Во подготовка е нов Закон за ревизија

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со донесувањето на Законот за ревизија во 2010 година во голема мера се изврши усогласување со Директивата 2006/43/ЕЗ за законска ревизија на годишни и консолидирани сметки. Во меѓувреме во 2014 година се донесоа Директивата 2014/56/ЕУ за изменување на Директивата 2006/43/ЕЗ и Регулативата Бр.537/2014/ЕУ за специфични барања за законска ревизија на субјектите од јавен интерес.

Заради дополнително усогласување на националното законодавство со Европското законодавство за ревизија и согласно препораките на Светска банка за транспонирање на новите измени на Директивата за законска ревизија дадени во Ажурираниот РОСК Извештај за сметководство и ревизија се наметна потреба од изготвување на нов Закон за ревизија.

Предлогот на закон за ревизија има за цел усогласување на националното законодавство со барањата на ЕУ прописите во оваа област, како доуредување и допрецизирање на постојниот законски текст.

Партнери на Правдико