Во подготовка е нов Закон за заштита на потрошувачите | Правдико

Правдико

   

Во подготовка е нов Закон за заштита на потрошувачите

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со законот кој што е во сила Закон за заштита на потрошувачите ( “Службен весник на Република Македонија” бр. 38/04, 77/07,103/08, 24/11, 164/13,97/15 , 152/15 и 140/18) се уредуваат правата и обврските на потрошувачите и воедно е закон кој се хармонизира со директивите на Европска Унија и ги следи сите последни измени во легислативата на Европска Унија, а воедно надзорот се усогласува согласно националниот систем на надзор и имплементација на законот од страна на надлежните инспекциски органи и воедно одредување на судски постапки .

Со новиот Предлог – Закон за заштитата на потрошувачите се врши доусогласување и хармонизирање на законот со повеќе директиви на Европска унија.

Хармонизирањето на законот со директивите на Европска Унија и усогласувањето согласно новиот Предлог закон за прекршоци ќе овозможи подобро остварување на правата на потрошувачите преку ефективен надзор на пазарот, подобро информирање и едуцирање на потрошувачите за нивните права, зајакнување на независноста и репрезентативноста на здруженијата за заштита на потрошувачите како и обезбедување на потрошувачите со инструменти за брзо решавање на споровите.

Временската рамка за изготвување на предлог законот:25/03/2019 – 30/04/2019

Партнери на Правдико