Во подготовка е Предлог на Закон за канцеларија за поврат на имот | Правдико

Правдико

   

Во подготовка е Предлог на Закон за канцеларија за поврат на имот

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со предложениот закон ќе се предвиди уредување на  основањето, надлежностите, овластувањата и организациската структура на Канцеларијата за поврат на имот, надлежна за преземање активности во врска со пронаоѓањето и идентификувањето на приноси, друг имот или имотна корист што произлегле или се во врска со кривично дело што може да бидат предмет на привремена забрана за располагање или конфискација размена на најдобри практики и водење статистички податоци.

Целта за донесувањето на предложениот закон е оваа материја да се усогласи со меѓународните и европските документи во однос на тела одговорни за пронаоѓање и идентификување на приносите, друг имот или имотна корист што произлегле или се во врска со кривично дело.

Временската рамка за изготвување на предлог законот:02.06.2021 – 31.08.2021

Препорачуваме

Партнери на Правдико