Правдико

   

Во подготовка е Предлог на Закон за платежни услуги и платни системи

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Платежните услуги и платните системи во моментов се уредени со Законот за платниот промет кој е донесен во 2007 година. Истиот не е во согласност со новите трендови и технологии како и со релевантните директиви и регулативи на Европската унија.

Со Законот ќе се либерализира пазарот на платежните услуги и ќе се зајакне конкуренцијата.Ќе се зајакнат правата на потрошувачите за нивно информирање од страна на давателите на платежни услуги за условите за користење на услугите.

Законот ќе обезбеди транспареност и споредливост на надоместоците за платежните услуги, а меѓубанкарските надоместоци со платежни картички ќе бидат ограничени.За одредени категории на потрошувачи ќе се овозможи отворање сметки со основни функции преку кои ќе може да се извршуваат одреден број на бесплатни трансакции.

Временската рамка за изготвување на предлог законот: 10.02.2020 – 30.03.2020

Партнери на Правдико