Во подготовка е Предлог закон за вработените во Министерството за одбрана | Правдико

Правдико

   

Во подготовка е Предлог закон за вработените во Министерството за одбрана

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Потреба од донесување на посебен закон, со кој ќе се уреди статусот на вработените во Министерството за одбрана, административни службеници и лицата кои немаат стаус на аднинистративни службеници- помошни технички персонал, правата и обврските од работен однос, посебните должности и овластувања, класификацијата и категоризацијата на работните места во Министерството, спецификите и карактеристиките на работните обврски во одбраната, стручното оспособување и усовршување, управување со ефектот, водење во кариера, вработување и унапредување, плати и надоместоци на плати, како и други прашања во врска со работниот однос на вработените во Министерството за одбрана, кои произлегуваат од надлежностите на Министерството за одбрана и надлежностите на другите органи на дражавата власт во оставрување на одбраната, уредени со Законот за одбрана, и кои и се специфични и различни од активностите на останатите вработени во јавниот сектор.

Целта е  подобрување на статусот на вработените во Министерството за одбрана, како за останатите вработени во одбранбениот односно безбедносниот сектор на Републиката, особено заради зголемување на нивните активности во смисла на тежината и специфичноста, а особено по членството на Република Северна Македонија во НАТО, кои се различни од активностите на другите вработени во јавниот сектор и кои вработените во Министерството за одбрана ги извршуваат заедно со активниот воен и цивилен персонал на служба во Армијата.

Партнери на Правдико