Правдико

   

Во подготовка е Закон за јавниот интерес во културата

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со Законот за културата  донесен во 1998 година, се утврдени основата на културата како темелна вредност на Република Македонија, облиците на остварување на културата, начинот и условите за финансирање, правата од работен однос во областа на културата и правата од работен однос во националните установи, како и други прашања од интерес за културата.

На Законот до денес направени се 16 измени и дополнувања. Неколкуте последни измени и дополнувања на Законот, недоследностите ги доведуваат до апсурд поради што се наложи итна потреба од донесување на нов закон.

Целта на предложениот Закон е пропишување нормативни основи за обезбедување услови за стимулирање, помагање, унапредување и развивање на културата во Република Македонија. Законот претставува современа правна рамка за уредување на односите во областа на културата. Со овој Закон ќе се создадат нормативни претпоставки за потемелни реформи во културата и ќе се пополнат правните празнини кои постоеја во нормирањето на културата.

Временската рамка за изготвување на предлог законот:27/06/2018 – 03/09/2018

Партнери на Правдико