Во подготовка е Закон за заштита на културното наследство | Правдико

Правдико

   

Во подготовка е Закон за заштита на културното наследство

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Законот за заштита на културното наследство, донесен во 2004 година, содржи солидни правни основи за заштита на културното наследство усогласени со меѓународните документи и стандарди, но во примената покажа низа слабости кои негативно влијаат на целокупниот систем на оставарување на заштитата на културното наследство.

Со новиот Закон за културното наследство се врши усогласување со меѓународните договори, се конкретизира грижата и одговорноста на сите релевантни субјекти во системот на заштита и конзервација на културното наследство преку воспоставување на нова различна организациона поставеност на институциите, се редефинира системот за избор и реизбор на стручни звања, се создаваат основи за издавање на лиценци, се унапредува заштитата на нематеријалното културно наследство.

Целта на предложениот закон е создавање на кохерентен систем за заштита и козервација на културното наследство и на регулатива компатибилна со меѓунродните стандарди и практики.

Временската рамка за изготвување на предлог законот: 30.12.2021 – 25.01.2022

Препорачуваме

Партнери на Правдико