Во подготовка се измени на Законот за безбедност на храната
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со Закон за безбедност на храната се изврши транспонирање на релевантните ЕУ акти во националното законодавство со кои се уредува предметната област.
Меѓутоа, имајќи ги во предвид последните измени во законодавството на Европската унија се јави потреба од понатамошно хармонизирање на националното законодавство со ЕУ. Исто така, со предлог-измените и дополнувањата се врши и понатамошно уредување на барањата во врска со регистрирањето на објекти и оператори со храна од животинско потекло за операторите кои се правни лица, како и за оние кои се физички лица, како и детално се пропишуваат документите кои правните и физичките лица треба да ги приложат до Агенцијата за регистрирање или одобрување на објекти и оператори со храна од животинско потекло.
Цели на предлог регулативата е да се изврши транспонирање на релевантните ЕУ регулативи во националното законодавство, како и да се олесни постапката на одобрување на нутритивните и здравствените тврдења, збогатената храна и додатоци на исхрана, производи и материјали што доаѓаат во контакт со храната, адитиви, ензими, ароми, храна и состојки на храна произведени со иновирани технологии и тн. и се врши понатамошно уредување на барањата во врска со регистрирање и одобрување на објекти и оператори со храна од животинско потекло.