Правдико

   

Во подготовка се измени на Законот за безбедност на храната

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со Законот за безбедност на храната („Службен весника на Република Македонија“ број 157/10, 53/11, 1/12, 164/13, 187/13, 43/14, 72/15, 129/15, 213/15, 39/16 и 64/18) се воспоставени основни правила за безбедност на храната и храната за животни и е предвидено активностите кои можат да имаат влијание на безбедноста на храната и храната за животни или на заштитата на интересите на потрошувачите во однос на храната и информациите за храната да бидат спроведени во согласност со специфичните барања.

 

Со истиот, се постигна запазување на начелата, приоритетите и условите за усогласување на националното законодавство со законодавството на Европската унија од областа на безбедноста на храната и храната за животни. Меѓутоа, донесеното новозаконодавство на Европската унија, од областа на безбедноста на храната и храната за животни, не е преземено во постојниот Закон за безбедност на хрната, како на пример одредбите за специфичните официјални контроли во врска со нус-производите од животинско потекло.

Предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната има за цел да обезбеди високо ниво на заштита на здравјето на луѓето како и заштита на интересите на потрошувачите во однос на храната, да го регулира внатрешниот промет со одредени видови на храна, како посоодветно и поблиску и да го уреди спроведувањето на официјалните контроли.

Временската рамка за изготвување на предлог законот:06/05/2018 – 21/10/2018

Партнери на Правдико