Правдико

   

Во подготовка се измени во Закон за социјалната заштита

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Сите досегашни анализи недвосмислено покажуваат дека системот на социјалната заштита во Република Македонија се наоѓа во фаза во која е неопходно да се преземат суштествени реформи, пред сè со цел да се подобри ефективноста на паричните давања и ефикасноста на социјалните услуги што се испорачуваат до крајните корисници.

Досегашниот дизајн на социјалните трансфери е доста нерамномерен и неадекватен и како таков, придонесува кон продлабочување на нееднаквоста во општеството. Во однос на услугите од социјална заштита утврдено е дека не ги следат индивидуалните потреби на крајните корисници, при што истите треба да се обезбедат во заедницата, преку натамошно спроведување на процесот на деинституционализација, децентрализација и плурализација.

Социјалната заштита се дефинира како организирана дејност од јавен интерес која се остварува преку систем на политики, програми и мерки за заштита од социјални ризици, превенција и надминување на социјалните проблеми кои неповолно се одразуваат врз добросостојбата на граѓаните, со цел: – промовирање и одржување на социјалната сигурност на граѓаните, – спречување на социјалната исклученост, – подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и – зајакнување на капацитетите на граѓаните за водење независен, активен и продуктивен живот.

Временската рамка за изготвување на предлог законот: 01/10/2018 – 27/10/2018

Партнери на Правдико