Правдико

   

Во подготовка се измени во Закон за спречување на перење пари и финансирање на тероризам

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Закон за спречување на перење пари и финансирање на тероризам (Службен весник на РМ бр. 130/ 2014, 192/ 2015 и 27/2016) ги регулира мерките и дејствијата кои субјектите се задолжени да ги преземаат за целите на спречување на перење пари и финансирање на тероризам.

ЕУ направи измени во регулативата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам и усвои Директива 2015/849 за спречување на користење на финансискиот систем за целите на перење пари и финансирање на тероризам на 20.05.2015 година. Иницијативата за донесување на Предлог Закон за спречување на перење пари и финансирање на тероризам е предвидена во Националната програма за усвојување на европското законодавство – Ревизија 2017 година, во делот 3.04 Слободно движење на капитал.

Предложените законски решенија во Предлог Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам треба да: – ги имплементираат одредбите од IV ЕУ Директива за спречување на користење на финансискиот систем за целите на перење пари и финансирање на тероризам и новите стандарди определени со Препораките на ФАТФ и – придонесат за ефикасно управување со ризиците од перење пари и финансирање на тероризам.

Партнери на Правдико