Правдико

   

Во подготовка се измени во Законот за авторско право и сродни права

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Законот за авторско право и сродни права од 2010 година досега е менуван и дополнуван три пати – во 2013, во 2015 и во 2016 година. Досегашната имплементација на Законот покажа дека моделот утврден во постојниот Закон го отежнува функционирањето на системот на колективното управување со наметнување на несоодветни обврски, надлежности и процедури, од една страна, а од друга отсуство на регулирање на прашања битни за ефикасно и соодветно колективно управување.

Проблем преставува и фактот што во постојните одредби кои се однесуваат на колективното управување, во голем дел, не се земени во предвид и соодветно транспонирани, одредбите од Директивата 2014/26/ЕУ за колективното управување на авторското право и сродните права. Исто така, е потребно Законот да се хармонизира со Директивата 2011/77/ЕУ за изменување на Директивата 2006/116/ЕУ за времетраењето на заштитата на авторското право и сродните права и со Директивата 2012/28/ЕУ за дозволено користење на делата сираци.

Со донесувањето на Закон за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права ќе се создадат нормативни основи за остварување на ефикасен и рационален систем на колективно управување со авторското право, односно сродните права и ќе се поттикне колективното остварување на повеќе видови права.

Временската рамка за изготвување на предлог законот:29/03/2018 – 30/04/2018

Партнери на Правдико