Во подготовка се измени во Законот за банките | Правдико

Правдико

   

Во подготовка се измени во Законот за банките

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Законот за платежни услуги и платни системи („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.90/22) започнува со примена од 01 јануари 2023 година. Работењето на штедилниците како финансиска институција е уредено во Законот за банките. Поради ова, се јави потреба од усогласување на Законот за банките со новиот Закон за платежни услуги и платни системи, особено во делот на одредбите со кои се регулира работењето на штедилниците.

Усогласување на Законот за банките со Законот за платежни услуги и платни системи, во делот на работењето на штедилниците. Со предложеното законско решение, ќе се овозможи и на штедилница да дава една или повеќе платежни услуги на физички лица од Република Северна Македонија, прифаќање платежни трансакции, отворање платежни сметки за платежни институции и институции за електронски пари, отворање посебни сметки на платежни институции и институции за електронски пари на кои се депонираат примените парични средства заради нивна заштита итн.

Временската рамка за изготвување на предлог законот: 05.12.2022 – 30.12.2022

Препорачуваме

Партнери на Правдико