Во подготовка се измени во Законот за безбедност на храната за животни | Правдико

Правдико

   

Во подготовка се измени во Законот за безбедност на храната за животни

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со предлог – законот за безбедност на храната за животни се усогласува националното законодавство со законодавството на Европската Унија и прецизно се уредуваат основните и посебните барања за храната за животни наменета за исхрана на животни кои се одгледуваат за производство на храна за луѓе и храната за животни наменета за исхрана на животни кои не се одгледуваат за производство на храна за луѓе, основните принципи и одговорности на операторите со храна за животни, надлежните органи за безбедност на храна за животни и официјалните контроли на храната за животни, ставањето во промет и употребата на храната за животни, вклучувајќи ги и барањата за означување, пакување и рекламирање на храната за животни, како и употребата и ставањето во промет на адитиви за храна за животни, утврдување на правилата за надзор и обележување на адитивите и премиксите со цел да се обезбеди високо ниво на заштита на здравјето на луѓето, здравјето на животните и нивната благосостојба, заштита на животoт.

Целта на овој закон е да обезбеди високо ниво на заштита на јавното здравје и здравјето на животните и нивната благосостојба, заштита на животната средина и заштита на безбедноста на храната за животни преку утврдување на начинот на производство, преработка и дистрибуција на храната за животни, ставањето на храната за животни во промет и исхраната на животните.

Временската рамка за изготвување на предлог законот: 23.02.2022 – 28.02.2022

Препорачуваме

Партнери на Правдико