Во подготовка се измени во Законот за хартии од вредност
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со Законот за изменување и дополнување на Законот за хартии од вредност („Службен весник на РМ“ бр.13/13), се воведе задолжителна котација на акционерските друштва.
Обврската за задолжителна котација е со рок од 5 години односно до 30.04.2018 година. Имајќи во предвид дека оваа мерка е позитивни за пазарот на капитал, особено во делот на свесноста на компаниите за нивните обврски за транспарентност, се предлага продолжување на рокот за задолжителна котација за период од две години. Согласно Законот за хартии од вредност, Централниот депозитар за хартии од вредност (ЦДХВ) не може да врши порамнување на склучени прекугранични транскации со хартии од вредност, а исто така, во моментов банките чувари на имот не можат да ги користи услугите на депозитарот за порамнување на трансакции со хартии од вредност за своите клиенти.
Предложените измени и дополнувања на Законот за хартии од вредност имаат за цел: -зголемување на свесноста на компаниите во однос на нивните обврски за транспарентност преку продолжување на рокот за задолжителна котација, -овозможување на порамнување на прекугранични транскации преку поврзување на депозитарот со странски депозитари, -овозможување на банките чувари на имот кои нудат услуги на чување на хартии од вредност на инвеститори да бидат директни учесници во постапката на порамнување на трансакциите со хартиите од вредност.
Временската рамка за изготвување на предлог законот: 01/03/2018 – 20/03/2018