Во подготовка се измени во Законот за Народната банка на РСМ | Правдико

Правдико

   

Во подготовка се измени во Законот за Народната банка на РСМ

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со новиот Закон за финансиска стабилност, кој е во постапка на донесување, следејќи ја праксата на Европската комисија, се воспоставува Комитет за финансиска стабилност, како макропрудентно тело кое ќе ги идентификува опасностите и ризиците за финансиската стабилност и синхронизирано ќе презема макропрудентни мерки заради одржување на финансиската стабилност во Република Северна Македонија.

Поради ова, потребно е усогласување на Законот за Народната банка на Република Северна Македонија со Законот за финансиската стабилност во насока на давање надлежност на Народната банка да спроведува макропрудентна политика и презема макропрудентни мерки кон банките, штедилниците и другите финансиски институции на кои им издала дозвола.

Целта на измените ќе биде да се даде овластување на НБРСМ да спроведува макропрудентна политика и презема макропрудентни мерки кон финансиските институции на кои им издала дозвола. Дополнително, НБРСМ ќе може да спроведува подготвителни активности за решавање на банка со проблеми во работењето, започнување на постапката на решавање како и примена на инструментите и овластувањата за решавање на банка. Овие одредби ќе бидат операционализирани со донесување на посебен закон за решавање банки. Со ова, дополнително ќе се зајакне стабилноста на финансискиот систем во целина.

Временската рамка за изготвување на предлог законот: 20.06.2021 – 15.07.2021

Партнери на Правдико