Во подготовка се измени во Законот за полиција | Правдико

Правдико

   

Во подготовка се измени во Законот за полиција

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за полиција се врши ревидирање на законот во согласност со препораките за Министерството за внатрешни работи, кои произлегуваат од Извештајот на ГРЕКО за евалуација на Република Северна Македонија – Петти круг на тема „Спречување на корупцијата и промовирање на интегритет кај централната власт (највисоките извршни функции) и органите за спроведување на законот“.

Дополнително, со предлогот на законот за врши содржинска и нормативно-правна интервенција во делот на евиденциите кои ги води полицијата, како и уредување на предвидените законски решенија во правец на нивна доследна практична примена.

Со усвојување на предложениот закон ќе се овозможи да се воспостават објективни и професионални критериуми за назначување на директорот на Бирото за јавна безбедност кои одговараат на потребите на таквата позиција, како и регулирање на конкретни евиденции што ги води Полицијата и се однесуваат на oтпечатоци од папиларни линии; ДНК профили и фотографии од лица со рокови за нивно чување.

Временската рамка за изготвување на предлог законот: 03.03.2021 – 15.04.2021

Препорачуваме

Партнери на Правдико