Во подготовка се измени во Законот за прекршоците | Правдико

Правдико

   

Во подготовка се измени во Законот за прекршоците

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

При вршење на задолжителното усогласување на посебните закони од областа на животната средина со постојниот Закон за прекршоците, во делот на глобите се наметна драстично намалување на постојните глоби поради поставените утврдени максимални вредности, а нивно зголемување не е возможно.

Предвидените глоби во Законот за прекршоците се несоодветни за штетата која се создава со сторување на прекршоците од областа животна средина. Поради ова, во Програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија поднесена во Собранието при изборот на Владата на РСМ за 2020 – 2024 година е предвидено зголемување на казните во областа на животната средина

Донесувањето на предложениот закон ќе создаде можност за измена на материјалните закони од областа на животната средина во кои ќе бидат пропишани повисоки глоби за сторителите на прекршоци од оваа област. Повисоките глоби (соодветни на причинетата штета) се очекува да ги спречат сторителите во вршење на ваквите видови прекршоци.

Временската рамка за изготвување на предлог законот: 28.09.2020 – 31.10.2020

Препорачуваме

Партнери на Правдико