Во подготовка се измени во Законот за процена | Правдико

Правдико

   

Во подготовка се измени во Законот за процена

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Законската рамка која детално ја уредува процената за прв пат беше воведена во 2010 година со донесување на Законот за процена. До сега истиот беше изменуван и дополнуван вкупно осум пати и тоа во 2011, 2012, 2014, 2015 и 2016 година. Со донесување на предметниот закон ќе се подобри текстот на законот од номотехнички аспект и воедно ќе се реализираат предвидените активности во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017 – 2022 и Акциски план.

Основна цел за донесување на предложените измени е да се изврши јасно прецизирање на одредени законски одредби со цел истите да бидат јасни, недвосмислени и разбирливи и со тоа лесно и подеднакво применливи во сите ситуации и за сите, имајќи во предвид дека законското решение е застарено со самиот факт што е донесено во 2010 година и до денес се лоцирани низа слабости што придонесуваат до појава на одредени пречки при негова примена.

Временската рамка за изготвување на предлог законот:19.07.2021 – 31.12.2021

Партнери на Правдико