Во подготовка се измени во Законот за ревизија | Правдико

Правдико

   

Во подготовка се измени во Законот за ревизија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за ревизија („СВ на Република Македонија“ бр. 188/13), се воспостави поразличен концепт на спроведување на испитот за стекнување на звањето ревизор во однос на концептот кој претходно се спроведуваше и кој беше одобрен од Меѓународната федерација на сметководители (ИФАЦ).

Поради тоа што, за примената на новиот концепт сеуште не се обезбедени потребните технички и финансиски ресурси, кандидатите заинтересирани за полагање на испитот за ревизор, неможат да го остварат ова право. Законот за ревизија уредува одборот за ревизија кај субјектите од јавен интерес да биде составен од членовите од надзорниот одбор, орган кој е предвиден кај двостепен систем на управување на акционерските друштва. Меѓутоа, Законот за трговските друштва, уредува и право акционерските друштва да имаат и едностепен систем на управување. Во Законот за ревизија не е уреден составот на одборот за ревизија кај акционерските друштва со едностепен систем на управување.

Предложените измени и дополнувања на Законот за ревизија ќе имаат за цел: -непречено спроведување на испитот за стекнување на звањето ревизор согласно веќе воспоставената и функционална постапка од страна на Институтот и -уредување на составот на одборот за ревизија и кај субјекти од јавен интерес со едностепен систем на управување.

Временската рамка за изготвување на предлог законот: 01/02/2018 – 20/02/2018

Препорачуваме

Партнери на Правдико