Правдико

   

Во подготовка се измени во Законот за санитарната и здравствената инспекција

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со преложената измена и дополнување на Законот за санитарната и здравствената инспекција се пополнуваат одредени правни празнини кои недостасуваат во исполнување на обврските на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, односно во практичната работа на санитарните и здравствени инспектори при вршење на редовен и вонреден инспекциски надзор.

Со предложената измена и дополнување на Законот за санитарната и здравствената инспекција се врши и усогласување со „Законот за хемикалии“(„Сл.весник на РМ” брoj 145/10, 53/11, 164/13, 116/15 и 149/15 и 37/16) во однос на вршењето на инспекцискиот надзор над опасните материи за кои според истиот закон е определено дека се во надлежност на инспекторите за хемикалии па согласно наведеното со предлогот е потребно да се елиминира дуализмот во надлежностите на испекторите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и инспекторите за хемикалии.

Целта е да се унапреди регулативата за вршење на инспекцискиот надзор на инспекторите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, со дефинирање на правата и должностите на инспекторите во вршењето на инспекцискиот надзор во целина во однос на усогласување со Законот за инспекциски надзор и Законот за хемикалии и Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, вклучително и во однос на спецификите при вршењето на јавните овластувања.

Временската рамка за изготвување на предлог законот:17/10/2019 – 31/10/2019

Партнери на Правдико