Во подготовка се измени во Законот за судовите | Правдико

Правдико

   

Во подготовка се измени во Законот за судовите

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со предлог законот за изменување и дополнување на законот за судовите се врши негово усогласување со препораките дадени во мислењето на Венецијанската комисија кое главно се однесува на основите за разрешување на судија, основите за утврдување на одговорност на судија и изрекување на дисциплинска мерка, редефинирање на условите за избор на судија, зајакнување на надзорната функција на министерството за правда во поглед на примената на одредбите од Судскиот деловник.

Основна цел на Законот е зајакнување на независноста и интегритетот на судијата и нивната специјализација по области како и утврдување на јасни критериуми за одговорност во вршењето на судиската функција и внесување на квалитативни критериуми при изготвувањето на оценката за работа.

Временската рамка за изготвување на предлог законот:01/01/2018 – 30/01/2018

Препорачуваме

Партнери на Правдико