Во подготовка се измени во Законот за трговските друштва
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Министерство за економија започна со процес на изготвување на Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва.
Со Предлог на Законот се уредуваат две облсти, и тоа: -принудното купување и продавање акции, или т.н. „истискување“ и -холдингот, односно концернот како форми на поврзување на друштвата.
Во процесот на принудното купување и продавање акции или т.н „истискувањето“ јасно да се пропишат и дефинираат правата и обврските на доминантниот акционер, кои што вклучуваат задолжително купување на акциите од малцинските акционери, односно соодветно да се пропишат и правата на малцинските акционери да бараат принудна продажба на нивните акции на доминантниот акционер во законска процедура која обезбедува фер, транспарентен и коректен третман.