Во подготовка се измени во Законот за заштита на правата на пациентите | Правдико

Правдико

   

Во подготовка се измени во Законот за заштита на правата на пациентите

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерството за здравство иницира изготвување на нацрт предлог измени во Законот за заштита на правата на пациентите.

Со предлог измените се предвидува приклучување на попреченоста како основа за дискриминација во „Законот за заштита на правата на пациентите“ согласно препораката број 45 а од Извештајот на Комитетот на ОН за правата на лицата со попреченост од 2018 година.

Проширениот опфат на законите против дискриминација и на рамките за човекови права доведе до поширока заштита на правата на лицата со попреченост во многу држави. Еднаква и ефективна правна заштита од дискриминација значи дека државите членки имаат позитивни обврски да ги заштитат лицата со попреченост од дискриминација преку обврската да усвојат посебно и сеопфатно антидискриминаторско законодавство. Изричната законска забрана на дискриминација врз лицата со попреченост во законот треба да биде придружена со обезбедување на соодветни и ефективни правни лекови и санкции.

Да се вклучи попреченоста како основа за дискриминација во „Законот за заштита на правата на пациентите“ согласно препораката број 45 а од Извештајот на Комитетот на ОН за правата на лицата со попреченост од 2018 година.

Временската рамка за изготвување на предлог законот: 07/02/2019 – 18/02/2019

Препорачуваме

Партнери на Правдико