Правдико

   

Во подготовка се измени во Законот за животна средина

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со измените и дополнувањата на Законот за животна средина се воведуваат нови одредби со кои се идентификуваат и уредува постапувањето со контаминирани подрачја.

 

Покрај тоа се вршат измени за унапредување на процесот на полагање на стручните испити и стекнување со лиценци за стратешка оцена, оцена за влијание врз животната средина и постапување со средства за ладење и производи кои содржат средства за ладење. Истовремено се преуредува делот за наплата на надоместоци.

Целта на измените и дополнувањата на Законот за животна средина е идентификување и уредување на постапувањето со контаминирани подрачја заради надминување на нивното влијание врз животната средина и здравјето на луѓето. Во делот на стручните испити. Измените се со цел олеснување на спроведувањето на процесот на полагање, како и регулирање на статусот на лицата со веќе положен испит.

Временската рамка за изготвување на предлог законот:15/09/2018 – 31/12/2018

Партнери на Правдико