Правдико

   

Во подготовка се нови текстови на Законот за административни службеници и Закон за вработените во јавниот сектор

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Постојниот Закон за административни службеници воведе доста новини во однос на регулирањето на статусот и постапката за вработување на административните службеници.

Законот воспостави нови стандарди во однос на управувањето со човечките ресурси во јавниот сектор. Но по 5 годишна примена на законот на површина излегоа голем број на практични проблеми во имплементацијата, чие надминување е неопходно за доследно да се примени законот и да се постигне целта поради која е донесен. Министерството за информатичко општество и администрација имаше интенција да подготви измени и дополнувања на законот врз основа на практични забелешки од оние кои го применуваат законот, но со оглед на фактот дека од анализите и добиените забелешки произлезе дека треба да се менуваат повеќе од 1/3 од постојните членови се пристапи кон подготовка на целосно нов закон, во кој основата е веќе постојниот Закон за административни службеници.

Постојниот Закон за вработените во јавниот сектор како прв закон со ваков опфат со кој се регулираа прашања од областа на работните односи во сите институции на јавниот сектор беше новина во правниот систем, а при неговото подготвување отсуствуваше какво практично искуство во областите кои се предмет на регулирање на законот. Законот воспостави нови стандарди во однос на управувањето со човечките ресурси во јавниот сектор. Но по 5 годишна примена на законот на површина излегоа голем број на практични проблеми во имплементацијата, чие надминување е неопходно за доследно да се примени законот и да се постигне целта поради која е донесен. Министерството за информатичко општество и администрација имаше интенција да подготви измени и дополнувања на законот врз основа на практични забелешки од оние кои го применуваат законот но со оглед на фактот дека од анализите и добиените забелешки произлезе дека треба да се менуваат повеќе од 1/3 од постојните членови се пристапи кон подготовка на целосно нов закон, во кој основата е веќе постојниот Закон за вработените во јавниот сектор

Временската рамка за изготвување на предлог законите: 12.11.2020 – 01.02.2021

Препорачуваме

Партнери на Правдико