Во Полска објавени строго доверливи имиња на шпиони
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Полскиот институт за народно паметење (ИПН), во обид да објави што поголем број агенти и соработници на поранешните комунистички служби за државна безбедност, во новиот список ги обелодени имињата на речиси илјада полски шпиони кои кариерата ја започнале пред 1989 година, но чии што контакти со странство се активни до денес.
„Тоа е велепредавство. Тоа сведочи за незрелост и за фактот дека во годините пред нас нема да има никакви безбедносни служби. Луѓе кои со радост би работеле за Полска сега се плашат дека нивните имиња по извесно време би можеле да бидат објавени. Тоа не го прави ниту една држава“ изјави за порталот Виртуелна Полска поранешниот социјалдемократски премиер на Полска Лешек Милер.
Институтот ИПН кој се занимава со истрага и документирање на злосторствата на фашистите и комунистите над Полјаците до паѓањето на Железната завеса, пред само неколку дена ги објави доверливите списоци со имиња на шпиони кои работеле за разузнавањето и контраразузнавањето макар еден ден пред 1989 година.
Извор: Макфакс