Во понеделник Скопскиот кривичен суд одлучува дали ќе го прифати обвинението за „Пуч“ | Правдико

Правдико

   

Во понеделник Скопскиот кривичен суд одлучува дали ќе го прифати обвинението за „Пуч“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Советот за оценка на обвинителен акт на Скопскиот кривичен суд в понеделник треба да решава дали ќе го прифати обвинението за случајот „Пуч“. Советот има две опции. Може да го потврди обвинението и да закаже рочиште или да го отфрли и повторно да го врати на обвинителството.

111257
Во случајот „Пуч“ четвртообвинет е лидерот на опзицијата Зоран Заев, како и екс разузнавачот Зоран Верушевски, неговата сопруга, соработник на Заев во општина Струмица и вработен во МВР.

Според обвинителниот акт, обвинетите се товарат за шпионажа, неовалстено снимање, како и насилство спрема највисоки државни органи.

Информацијата за 24 Вести ја потврдуваат и од адвокатскиот тим на лидерот на СДСМ Заев. Сите обвинети во случајот се во притвор освен Зоран Заев на кој му беше одземен, па неодамна и вратен пасошот.

Извор: 24Вести

Партнери на Правдико