Во пораст трговијата со деца | Правдико

Правдико

   

Во пораст трговијата со деца

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

trgovija-so-lugeКанцеларијата на ОН за дрога и криминал, денеска соопшти дека една третина од жртвите на трговијата со луѓе се деца, при што нивниот удел постојано се зголемува, јави ДПА

Според извештајот на Канцеларијата, кој се однесува за периодот 2010-2012 година, од сите регистрирани жртви на трговија со луѓе, 33 проценти се деца, што е пет проценти повеќе во споредба со периодот 2007-2010 година.

Канцеларијата собрала информации за жртви на илегална трговија од 152 земји, кои биле принудувани да даваат сексуални услуги, принудно да работат и да вршат други активности.

Според ОН, проблемот е најголем во Африка и на Блискиот исток, каде повеќето жртви на трговија се момчиња и девојки, иако трговијата со луѓе е распространета низ целиот свет.

Голем дел од жртвите на шверцот со луѓе на Блискиот Исток се по потекло од Јужна и Југоисточна Азија, а во Северна Америка значителен дел од жртвите се од Источна Азија.

Во Западна Европа најголема веројатност да бидат жртви на експлоатација има за луѓето по потекло од Источна Европа и Западна Африка.

Шверцерите со луѓе воглавно се фокусираат на жени и девојчиња, се наведува во извештајот.

Извор: Нова Македонија

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико