Правдико

   

Во последните 24 часа регистрирани се 87 нови случаи на ковид-19

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во последните 24 часа се направени 987 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на ковид-19.

– Скопје 41
– Куманово 12
– Штип 16
– Тетово 10
– Струга 1
– Охрид 2
– Гостивар 1
– Пробиштип 4

На Клиниката за кардиологија почина пациент од Куманово на возраст од 74 години, хоспитализиран пред 2 дена и потврден позитивен на оваа клиника.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 5 оздравени пациенти. – Скопје 1 – Прилеп 2 – Тетово 2 Досега во земјата се направени вкупно 38014 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 80 теста се во рамките на скринингот во градинки во Скопје, нема позитивни резултати на ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3239, бројката на оздравени пациенти е 1658, на починати е 157, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1424.

Партнери на Правдико