Во Прага уапсен Русин обвинет за кибернетички напади во САД | Правдико

Правдико

   

Во Прага уапсен Русин обвинет за кибернетички напади во САД

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Чешката полиција во соработка со американското Федерално биро за истраги (FBI) соопшти во средата дека во престолнината Прага е уапсен руски државјанин кој наводно учествувал во кибернетички напади врз цели во САД.

praga-rusin-napad

„Чешката полиција уште одново спроведе успешна заедничка акција со американското FBI. Целта овојпат беше руски државјанин осомничен за хакерски напади на цели во САД“, се наведува во соопштението на чешката полиција во кое се додава дека за ова лица ткн „црвена потерница“ издал и Интерпола, а лицето биле уапсено „благодарение на брзата размена на информации“.

Според полицијата уапсениот, кому не се открива идентитет, во Чешка каде што допатувал со „скапа лимузина“ престојувал со пријателка. Бил уапсени во еден од прашките хотели, не давал отпор но набргу ја загубил свеста и бил хоспитализиран. Не се соопштени причините за инцидентот, но се укажува дека Прашкиот суд издал наредба за апсење на приведениот.

Не е наведено дали е обвинет за неодамнешните хакерски напади врз серверите на Демократската партија на САД и на нејзините функционери и други институции или, пак, за упади во системите на други американски институции. Чешките власти наскоро ќе се занимаваат со неговото екстрадирање во САД, според соопштението.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико