Во Приштина одржана работилница за проблемите во кривичната постапка со кои се соочува одбраната во регионов | Правдико

Правдико

   

Во Приштина одржана работилница за проблемите во кривичната постапка со кои се соочува одбраната во регионов

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

pristina-2На 26 март 2016 година во Косово, Приштина, во рамки на проектот „Реформа на кривичното процесно законодавство“, кој се спроведува  со поддршка на УСАИД, Американската адвокатска комора (ABA–ROLI) и Балканската регионална мрежа за владеење на правото, се одржа работилница на која беа презентирани извештаите на Адвокатската комора на РМ, БиХ, Србија, Албанија и Косово, за нормативната рамка и практичните проблеми во кривичната постапка со кои се соочува одбраната во регионот.

Проектот има за цел да ги идентификува најголемите и најчестите проблеми во однос на процесната позиција на одбраната во регионот, како и да се залага за подобрувањa во оваа област, и de jure и de facto преку размена на искуствата во интерес на обезбедување на еднаквост на страните и оружјето.

Претседателот на Адвокатската комора на РМ, г. Никола Додевски, истакна дека досегашните истражувања и  резултати  од проектот покажале дека проблемите со кои адвокатите во регионот соочуваат се речиси идентични. Тој изрази надеж дека заедничката работа ќе вроди со плод и унапредување на акузаторната кривичната постапка, која според сите комори, учеснички во проектот, досега покажала бројни негативни практики.

Врз основа на работата на адвокатите-истражувачи и координаторите на проектот, на работилницата беа донесени заеднички заклучоци на адвокатските комори во однос на исти проблематики што произлегуваат законите за кривична постапка на петте држави. Дел од заедничките заклучоците се следните: краток период за подготовка на одбраната да поднесе исправи или други докази од приемот на известувањето на јавниот обвинител за завршување на истражната постапка (во Македонија: 15 дена наспроти 12 месеци на Јавното обвинителство за спроведување на истрага), немање пристап до докази за време на истрагата, не доволно уредено рочиште за определување на притвор, неприменување на гаранцијата како мерка за обзебедување присуство, нефункционирање на визуелно-тонското снимање итн.

Во рамките на проектот е предвидено да се одржат повеќе работилници,  а завршната конференција на која ќе се презентираат препораките во насока на предлог-измени на законските решенија ќе се одржи во Скопје.

Препорачуваме

Партнери на Правдико