Правдико

   

Во притвор македонски државјанин кој сакал да војува во Сирија

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување  истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации од член 322-а ст.3 вв ст.9 од Кривичниот законик.

На почеток на месец ноември минатата година осомничениот со намера да учествува и да се обучува од страна на странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации во Сирија, ја напуштил територијата на нашата држава со автобус и заминал за Турција. Во текот на патувањето остварувал контакти со македонски државјани, истакнати приврзаници на радикален ислам, кои се наоѓале во кризните подрачја на Сирија и кои му помогнале со контакти со лица од Турција што ќе му овозможат префрлање во Сирија. При обид во воено забранетата зона илегално да ја премине границата на Турција и да влезе на сиријска територија бил спречен и фатен од страна на турските власти. При легитимирање дал лажен идентитет на државјанин на Италија.

По пат на меѓународна соработка со Турција, осомничениот е екстрадиран во земјава и изведен пред судија на претходна постапка. Поради постоење на основите предвидени во член 165 ст.1, 2 и 3 од Законот за кривична постапка по предлог на надлежен обвинител на осомниченото лице му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико