Во притвор разбојникот што ограби казино во Гевгелија | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Во притвор разбојникот што ограби казино во Гевгелија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против 40-годишен гевгеличанец поради недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

„Осомничениот во временскиот период од 12.10.2018 до 22.2.2019 година неовластено држел преправено огнено оружје кое на граѓаните им е забрането, и тоа ловечка пушка „збројовка брно“ во калибар 16 мм и 8 ловечки куршуми во калибар 16 мм. На пушката претходно ѝ биле извршени механички интервенции со кои ѝ се скратени цевките и кундакот.

Со ова оружје осомничениот на 9 јануари околу 2.40 часот отишол во казино во Гевгелија, каде што, кога влегол преку споредниот влез маскиран со качулка на главата, го вперил оружјето кон касиерот. Притоа осомничениот од фиоката што се наоѓала на работното биро и од касата ги одзел парите во вкупен износ од 150.000,00 денари во разни апоени, ги ставил во најлонска кеса и преку споредниот влез излегол од казиното и заминал“, наведува ОЈО.

Основното јавно обвинителство Велес смета дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство на осомничениот и можности да ги повтори кривичните дела поради што до судијата на претходна постапка на Основниот суд Велес предложи против осомниченото лице да се определи мерка притвор. Предлогот е прифатен и од страна на судија на претходна постапка на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико