Во ресторани ќе биде дозволен влез само со две примени дози вакцина, експертите подготвуваат нови мерки
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Експертите за имунизација подготвуваат укинување на дозволениот влез во ресторани и на настани за лица што примиле само една доза од вакцината за заштита од Ковид-19. Влезот ќе биде дозволен само за комплетно вакцинирани лица.ж
Министерот за здравство, Венко Филипче, денес најави дека оваа мерка ќе почне да се применува по оставањето доволен период за граѓаните да ја комплетираат вакцинацијата.
„Експертите за имунизација имаат работни состаноци и во некој период, а ќе се остави најмалку еден месец, како критериум за јавни настани ќе биде потребно граѓаните да се целосно имунизирани. Тоа ќе се воведе по соодветна анализа на бројот на имунизирани граѓани со една доза и анализа на потребниот период за втора доза“, рече министерот Филипче.
Целта на ваквото заострување на мерките министерот Филипче вели дека е што поголем број граѓани да се вакцинираат.
Мерката само вакцинирани со барем една доза да може да влегуваат во ресторани, на јавни настани и во трговски центри стапи во сила на 16 август.
Извор: Макфакс