Во Романија и во Шпанија уапсени се 11 лица за трговија со жени | Правдико

Правдико

   

Во Романија и во Шпанија уапсени се 11 лица за трговија со жени

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во Шпанија и во Романија се уапсени 11 лица поради сомнение дека организирале трговија со жени за сексуална експлоатација во Мадрид, додека девет Романки, жртви на таа група се идентификувани и згрижени, соопшти денеска Интерлоп.

Истрагата за случајот е започната во септември откако шпанската полиција добила пријава од една Романка, која посочила дека пред неколку месеци нејзиниот дечко ја регрутирала.

Меѓутоа, кога пристигнала во Мадрид била принудена на проституција, а истрагата, како што наведе Интерлоп, покажала дека позади тоа стои организираната група,

При извршувањето на претрес во домовите на криминалците во Романија и Шпанија, запленети се голем број документи, пари и скапи возила.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико