Правдико

   

Во Русија стапува во сила контроверзниот закон за интернет

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Од денеска во Русија во сила стапи контроверзниот закон за интернет. Критичарите на законот тврдат дека со него властите ќе ја прошират својата контрола и на активностите на интернет.

Законот усвоен од парламентот и потпишан од страна на претседателот Владимир Путин претходно оваа година, предвидува инсталирање опрема за контрола на интернет сообраќајот преку сервери во Русија. Тоа ги зголемува овластувањата на државните агенции и им отежнува на корисниците да ги заобиколат владините ограничувања.

Поддржувачите на законот велат дека законот е потребен за да се заштити Русија од потенцијални сајбер напади.

Но, критичарите предупредуваат дека законот ќе доведе до цензура и ќе овозможи корисниците на интернет да бидат набљудувани од руските разузнавачки агенции.

Многумина сметаат дека законот е дел од програмата на владата да се спречат протестите кои се организираат преку интернет.

Законот предвидува дека доколку руските власти согледаат закани за безбедноста преку интернет, државното медиумско тело „Роскомнадзор“ да ја искористи контролата врз интернетот во Русија без да им даде претходна најава на провајдерите и да го филтрира целиот интернет сообраќај во земјата.

Извор: Радио слободна Европа

Партнери на Правдико