Во Русија уапсен директорот на најголемата руска независна нафтена рафинерија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Поранешниот сопственик на најголемата руска независна нафтена рафинерија соопшти дека нејзиниот директор е уапсен во Москва. Во синоќешното соопштение од групацијата “Нов тек” се вели дека „Дмитриј Мазуров бил уапсен од страна на Истражниот комитет на 13 јули на аеродромот во Шереметево, кога тој се вратил во Русија“.
Според соопштението, Мазуров бил осомничен во кривично дело, но не се откриваат дополнителни детали. Се чекат официјални информации од надлежните служби.
Извор: Радио Слободна Европа