Во Русија уапсени шест лица осомничени за тероризам (видео) | Правдико

Правдико

   

Во Русија уапсени шест лица осомничени за тероризам (видео)

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Шестмина доселеници од централна Азија се уапсени во руската северна метропола Санкт Петербург кој неодамна беше цел на терористички напад во кој загинаа 14 лица, а кои се осомничени дека врбувале радикализирани граѓани за извршување терористички акции и борци за џихадистичките групации Џебхат ан-Нусра и Исламската држава во Сирија, но истрагата засега нема сознанија дека се директно поврзани со осомничениот за извршувањето на терористичкиот чин во петербуршката подземна железница.

„Во средата, како резултат на истражните дејствија и оперативни активности од страна на иследниците заедно со регионалните управи на Федералната служба за безбедност (ФСБ), руското министерство за внатрешни работи и специјалните сили на Руската гарда приведени се шест државјани на земји од Средна Азија, кои во Русија дошле барајќи работа“, се наведува во соопштението на истрагата коешто го цитира агенцијата ТАСС.

Според истрагата, уапсените од ноември 2015 година во Санкт Петербург вршеле врбување и регрутирање на имигранти главно од централна Азија, за извршување терористички напади и приклучување на џихадистичките организации Џебхат ан-Нусра, сириското крило на Ал Каеда, и Исламската држава.

„Истрагата внимателно ќе ги провери сите врски и контакти на притворените, но треба да се истакне дека во овој момент не поседуваме информации за поврзаност и блискост на приведените со извршителот на терористичкиот напад на метро станицата во Санкт Петербург“.

Според сознанијата на руските медиуми сега се вршат претреси на домовите на приведените, во кои е запленета исламистичка литература, предмети и документи коишто може да имаат важност во истрагата. Во текот на денот се очекува на осомничените да им биде одреден притвор и подигнување обвиненија.

Во понеделникот се случи експлозија во вагон меѓу станиците на подземната железница Технолошки институт и Плоштад Сенија, во којашто според последните податоци животите ги загубија 14 лица а повредени се уште 50 луѓе. Според извори од истрагата, експлозивната направа ја активирал бомбаш самоубиец. Националниот истражен комитет го осомничи како извршител 22-годишниот Акбаржон Џаилов, државјанин на Киргистан.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико