Во Русија во 2014 година откриени повеќе од 300 шпиони | Правдико

Правдико

   

Во Русија во 2014 година откриени повеќе од 300 шпиони

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Руската контраразузнавачка служба во 2014 година открила активност на повеќе од 300 странски шпиони, изрази задоволство претседателот Владимир Путин на состанокот со Управата на руските разузнавачки служби (ФСБ), наследничката на поранешната КГБ.

26032015204133_russia

Владимир Путин, и самиот поранешен агент на советскиот КГБ и директор на ФСБ пред да дојде на власт во 1999 година, ја поздрави ефиканоста на своите поранешни колеги, пренесува Фена.

На денешниот состанок Путин предупреди на опасноста од „провокации“ на странските тајни служби пред следните кампањи за општите избори во 2016 година и за претседателските во 2018 година.

-Постојано има странски обиди да се дискредитираат и дестабилизираат властите со помош на невладините организации и политизираните здруженија, рече рускиот претседател и прецизира дека ќе продолжат истрагите против здруженијата што се осомничени дека се „странски агенти“.

Русија во 2012 година усвои закон што невладините организации, финансирани од странство, а кои имаат „политичка активност“,ги обврзува да се регистрираат како „агенти од странство“.

Русија и западните земји заради украинската криза дојдоа до најлошата конфронтација од завршувањето на Студената војна. И на едната и на другата страна се откриени и протерани бројни „шпиони“, што е знак на зголемена напнатост меѓу старите непријатели.

Извор: Нова Македонија

 

Партнери на Правдико