Во САД укинат законот на Обама за тоалети за трансродови лица во училиштата | Правдико

Правдико

   

Во САД укинат законот на Обама за тоалети за трансродови лица во училиштата

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го поништи указот донесен од неговиот демократски претходник Барак Обама за државните училишта за тоалетите за трансродовите лица, соопшти министерството правда.

Администрацијата на 44-от американски претседател Барак Обама издаде указ за државните образовни институции, според кој училиштата мора да им овозможат на трансродовите ученици да избираат тоалети и соблекувални според тоа како тие самите ќе го дефинираат својот полов идентитет.

„Министерството за правда и министерството за образование ги отстранија сегашните насоки за образовните институции, издадени во 2015/2016 година… за пристап до просториите и објектите врз основа на родовиот идентитет, а не на биолошкиот пол“, се истакнува во соопштението.

„Министерството за правда е должно да го спроведува законот. Претходните документи не содржат доволно правна анализа и не објаснуваат како ова толкување е во согласност со словото на законот“, се наведува во писмената изјава на државниот обвинител на САД, Џеф Сешнс.

Единаесет американски сојузни држави: Тексас, Алабама, Висконсин, Тенеси, Аризона, Мејн, Оклахома, Луизијана, Јута, Џорџија и Западна Вирџинија, ја обвинија администрацијата на претходниот претседател Обама за обид да ги претвори училиштата и работните простории во „лаборатории за масовен социјален експеримент“, Тужбата беше поднесена во судот во градот Вичита-Фолс, во сојузната држава Тексас.

Забраната беше донесена во заднината на скандалот за законот во Северна Каролина, каде што се бареше луѓето коишто ги користат јавните тоалети тоа да го прават исклучително во согласност со нивниот пол при раѓањето. Тој закон предизвика загриженост во врска со дискриминацијата на лицата чијшто родов идентитет не се совпаѓа со биолошкиот пол.

Американското министерство за правда бараше од сојузната држава да го укине законот, согласно основниот закон за граѓански права од 1964 година. Државата, пак, од своја страна поднесе тужба пред судот барајќи ова барање на министерството да биде прогласено за незаконско. Во моментов конфронтираните страни водат два процеса пред судовите.

Извор:Макфакс

Партнери на Правдико