Во Сараево уапсен маж поврзан со Исламска држава
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Безбедносните служби на Босна и Херцеговина во Сараево уапсија маж чиј идентитет не е соопштен поради сомневање дека е поврзан со терористички активности. Државното обвинителство соопшти дека се работи за млада личност, а порталот „Журнал“ пренесе дека се работи за Амир Хаскиќ.
Со законски мерки изминатите години беше целосно прекинато заминувањето на државјаните на БиХ на сириските и ирачките боишта. Како се наведува, безбедносните служби на БиХ покренаа информации дека уапсениот бил во контакт со лица кои војуваат во Сирија и Ирак и се борат во редовите на Исламска држава.
Уапсениот се распрашувал за можни начини за заминување во Сирија и Ирак, каде што планирал да отпатува за да се придружи на терористите.
Обвинителството на БиХ засега го товари за кривично дело противзаконско придружување на странски паравоени или параполициски единици.
Извор: Макфакс