Правдико

   

Во „Седмица“ не се најдени патогени бактерии

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Добиените резултати од лабораториските испитувања на земените мостри храна од сендвичарницата „Седмица“ во скопските општини Карпош и Кисела Вода, не потврдија присуство на патогени бактерии, односно мострите одговараат на микробиолошките критериуми за безбедност на храната и не се причина за труењето, поради кое неодамна беа хоспитализирани 43 лица, тврдат од Агенција за храна и ветеринарство на Република Македонија.

Негативни се и наодите од земените брисеви од работните површини во сендвичарниците.

Бактерија салмонела (Salmonella enteritidis group D), со лабораториско испитување на копрокултура е детектирана кај шест лица.

Во изминативе три месеци, во рамки на редовните контроли и постапувајќи по претставки од граѓани, овој оператор со храна е неколку пати контролиран од страна на инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, при што не се утврдени недоследности, а хигиената во двата објекта (Карпош и Аеродром) била на задоволително ниво.

Во двата објекта спроведени се наложените мерки од страна на инспекциските служби на Агенцијата и на Санитарно здравствениот инспекторат и тие по временото затворање повторно работат.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико